Бектеши: Ги повикувам граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 во случај на неправилности со цените кај трговците

Од:

„Ги повикувам граѓаните да пријават на бесплатниот телефонски број 191 на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во случај на драстично зголемени цени на основни прехранбени производи. На оваа бесплатна телефонска линија сите граѓани можат да пријават неправилности кај трговците кои што не ја почитуваат Одлуката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што информираше министерот, согласно Одлуката за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало која што е објавена во Службен весник, започнувајќи од 06.12.2021 година се замрзнуваат цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало на леб, шеќер, брашно – тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи, сирење и урда.

Оваа одлука ќе важи до 31 јануари 2022 година, напиша министерот Бектеши на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

СДСМ: Владата нема решение – ние ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите

Горан Наумовски

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница