Белата куќа објави план за борба против корупцијата

Од:

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави документ кој претставува нов план за борба против корупцијата на глобално ниво.

Првата стратегија на САД за борба против корупција го наведува пристапот на цела влада, со посебен акцент на подобро разбирање и одговор на „транснационалните закани, вклучително и преземање дополнителни чекори за намалување на способноста на корумпираните актери да ги користат американските и меѓународните финансиски системи за прикривање и перење корумпирани средства“, пишува на веб-страницата на Белата куќа.

За спроведување на планот, стратегијата ги насочува напорите на американската влада во борбата против корупцијата во рамки на пет столба кои меѓусебно се зајакнуваат.

– Иако САД долго време се лидер во глобалната борба против корупцијата, справувањето со заканата како императив за национална безбедност бара изменет пристап, објавено е на веб-страницата.

Борбата против корупцијата на глобално ниво ќе опфати воведување санкции против функционери на други земји и лица обвинети за корупција и кршење на човековите права.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“