Децата во индиското училиште биле затруени од токсичен пестицид

Од:

Во примероците од кујнската опрема и остатоците од храната во индиското училиште, во кое 25 деца починаа откако на почетокот на неделата го јадеа бесплатниот оброк, откриен е земјоделски пестицид во „многу токсично“ ниво, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на полицијата.


Судската експертиза утврдила дека анализираните примероци го соддржат пестицидот монокротофос и тоа во количества што се „многу токсични“ за луѓето, посочи претставник на полицијата.


Бесплатниот појадок бил поделен во селото Машрах, во сиромашната држава Бихар, во источна Индија.


Децата, на возраст од четири до 12 години, се разболеле откако на појадокот во училиштето јаделе ориз, соја и леќа. Храната била обезбедена според програмата за бесплатен училишен оброк, што опфаќа 120 милиони деца.


За случајот, се уште, нема уапсени.


Властите во кујнскиот дел од училиштето до маслото за готвење откриле кутија со исектицид, но не се знае дали оваа кутија е изворот на труењето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати