Започна прославата на францускиот национален празник 14 јули

Од:

Со традиционалната воена парада на Шанзелизе (Елисејските полиња) започна прославата на францускиот национален празник 14 јули.

Воената парада почна со француските сини шлемови, поточно сини беретки, чии мисии во рамките на Обединетите нации годинава беа ставени во прв план на прославата на Националниот празник. Франција во моментов под знамето на ОН има 1.100 војници, кои го чинат државниот буџет околу 400 милиони евра.

Од странските трупи на парадата годинава беа претставени само германските војници од германскиот баталјон стациониран во Франција во Илкриш во близината на Стразбур.

Интерсно е дека во Франција каде служењето војска е укинато, односно сите француски војници се доброволци-професионалци, 62 проценти од испитаните Французи жалат што повеќе нема задолжителен воен рок. Најмногу жалат повозрасните, додека најмалку помладите.

Од високите странски гости во првиот ред на официјалната претседателска трибина, покрај Франсоа Оланд се најде и претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој е во официјална посета на Франција, со што Париз сака да годинашново празнување на 14 јули да му даде европски карактер.

Еден од падобранците учесници на воената парада, кој скокна со падобран на плоштадот Конкорд пред претседателската трибина се повреди при доскокот, при што му беше укажана лекарска помош, а лично пртеседателот Оланд се сретна со падобранецот и му посака брзо заздравување.

Непосредно пред парадата министерот за одбрана Жан-Ив Дриан најаваи дека за Франција нуклеарната воздржување и понатаму е актуелна тема.

– Ние имаме 300 нуклеарни глави, Русите и Американците десет илјади, ние направувме напори за намалување на нивниот број и располагаме со стриктно колку што ни се потребни, истакна министерот за одбрана, која ја отфрли идејата за откажување од нуклеарниот концепт.

Попладне претседателот Оланд, за кој е ова прво четиринаесетјулско празнување на оваа функција се очекува да има телевизиско интервју, кое беше укинато от неговиот претходник, на кое ќе треба да одговори на многу прашања кои си ги поставуваат Французите. На прво место се реакциите и акциите кои тој ќе треба да ги преземи за борба против кризата во контектстот на најавеното отпуштање на околу 8.000 работници од ПСА Пежо–Цитроен, како и социјалните планови во уште многу други големи француски компании.

На приватен план францускиот претседател се очекува, според најавите на француските медиуми, да зборува и за улогата која ќе треба да ја игра неговата придружичка Валери Треирвелер, по нејзиниот фамозен твит во која таа го поддржа против кандидатот на поранешната придружничка на Франсоа Холанд, Сеголен Роајал.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток