Федерер поразен од 114. тенисер на светот

Од:

Рожер Федерер продолжува со ужасните настапи оваа сезона каде и да се појави.

Пред истекот на седмиот месец од годината, Швајцарецот има само еден трофеј (оној во Хале пред Вимблдон) и тоа нема да се промени уште извесен период. Денеска тој повторно ги разочара своите фанови откако загуби во полуфиналето на турнирот во Хамбург и тоа од 114. тенисер во светот Федерико Делбонис од Аргентина.

Иако не играше лошо, Федерер не успеа да му земе брејк на 22-годишниот тенисер и двата сета ги загуби во тај-брејк (6:7, 6:7) за 113 минути.

Утрешното финале на турнирот во Хамбург ќе биде прво во кариерата на Делбонис. Противник во него ќе му биде Фабио Фоњини кој претходно во два сета го елиминира Николас Алмагро од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ