Родителите на Трејвон на чело на протестите во САД

Од:

Родителите на убиениот афроамериканец Трејвон Мартин денеска ќе ги предводат протестите во Њујорк и Мајами, поради ослободителната пресуда на Џорџ Цимерман за убиство на нивниот син, а демонстрации ќе се одржат ширум САД.

Мајката на убиениот тинејџер, Сабрина Фултон ќе биде заедно со активистите за човекови права на чело на протестот, пред седиштето на полицијата во Њујорк, додека неговиот татко Трејси Мартин ќе учествува на демонстрациите во Мајами.

Тие во четврток прв пат и се обратија на јавност при што истакнаа дека се шокирани од пресудата, како и дека се уште не одлучиле дали ќе покренат судска постапка против Цимерман.
Американскиот претседател, Барак Обама изјави дека сите мора да ги почитуваат одлуките на поротата која што го ослободи Цимерман, но и дека луѓето во САД треба да сфатат дека Афроамериканците и понатаму ќе се сретнуваат со дискриминација.

Цимерман младото момче го уби на 26-ти февруари минатата година, по кратка вербална расправа и тепачка во Санфорд.

Тој бил припадник на т.н локална стража, која е составена од волонтери кои се грижат за спречување на кражби.

Трејвон се враќал од продавница кога му пришол Цимерман и го прашал што бара таму. Тогаш дошло првин до вербален, а потоа и до физички судир, при што Цимерман во еден момент извадил пиштол и пукал во тинејџерот.

Судот заклучи дека нема основа Цимерман да се обвини за убиство, бидејќи момчето го тепало во моментот кога тој посегнал по оружјето.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД