ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на цената на кесите нова глоба за граѓаните, владата да ја преиспита мерката

Од:

„Покачувањето на цената на кесите нова глоба на товар на граѓаните, владата да ја преиспита мерката, најголем загадувач е индустријата која ги крши законите. Парцијални мерки нема да го решат проблемот со загадување. Додека владата го спасува народот од најлонските кеси, големите капацитети и понатаму го трујат народот. Народот не смее да биде тој кој ќе плаќа се“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ек на енергетска криза, инфлација и ценовен шок, покачување на цените на кесите е само уште еден удар врз народот.

Мерката за покачување на цените на кесите нема да го намали загадувањето, бидејќи најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, а не народот.

И наместо реални мерки за борба против загадувањето и подобрување на животната средина власта одбира мерки кои нема ништо да променат, но ќе влијаат негативно врз џебот на народот, затоа бараме владата да ја преиспита мерката. Не им треба уште едно покачување на граѓаните. Потребни се системски, а не парцијални мерки против загадувањето“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски