А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата предлага закон за поголема мобилност на администрацијата

by А1он20/07/2013 - 14:07144
Share0

Владата донесе измени на законите за државни и за јавни службеници со кои се обезбедуваат правни услови за овозможување поголема мобилност на вработените во администрацијата од една во друга институција и се обезбедува нивна поголема правна заштита.

Добивај вести на вибер

Како што нагласи на денешната прес – конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, точно се дефинира кои вработени во јавните претпријатија (ЈП) влегуваат во редот на јавните службеници и тоа согласно препораките на Уставниот суд во оваа сфера.

Измените, истакна тој, се во насока на креирање услови за професионален развој на вработените и внесуваат нов квалитет во таа област. Ѓорѓиев подвлече дека се врши точно дефинирање кои вработени во ЈП ќе имаат статус на јавни службеници.

– Јавни службеници ќе станат и вработените во ЈП кои вршат работи од административна природа односно вршат работи од стручно административни, нормативно-правни, извршни, управни, статистички, административно надзорни, плански, кадровски, материјално-финансиски, сметководствени, информатички работи и други работи од административна природа, а во врска во вршењето на работите од јавен интерес согласно закон, појасни Ѓорѓиев.

Втора значајна измена за подобрување на правната заштита на вработените во администрацијата е обврската при евентуална ситуација за прераспределување на вработените односно мобилност, задолжително ќе мора лицето кое е предмет на превземање од една во друга институција, да искаже согласност за таа постапка.

– Досега беше потребна само согласност на раководните органи во институциите односно двопартитно однесување, а сега се воведува трипартитен однос, што значи задолжително во случај на превземање вработен од една државна или јавна институција во друга држававна или јавна институција ќе мора да постои писмена согласност потпишана од вработениот, појасни портпаролот Ѓорѓиев.

На овој начин, истакна, се дава дополнителна правна заштита на интересите на вработените во јавната и државната админситрација, но истовермено се продолжува со процедурите на мобилност за балансирање на суфицитот и дефицитот во некои институции во насока на квалитетно нивелирање на истиот.

vlada

Би можело да ве интересира

Владата го усвои Предлог буџетот за 2026 година, економски раст од 3,8 отсто, инфлација 2,5 отсто

Горан Наумовски28/10/2025 - 14:52

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08

Владата го раскина договорот за концесија на каменоломот во Страчинци

Горан Наумовски07/10/2025 - 15:53

Владата на САД е блокирана за прв пат по речиси седум години

Горан Наумовски01/10/2025 - 07:1601/10/2025 - 07:18

Владата уште еднаш ја потврди својата дискриминаторска политика кон Албанците, велат од ДУИ

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:5724/09/2025 - 11:13

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски24/09/2025 - 10:0224/09/2025 - 11:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен