Француската академија на Јордан Плевнеш ќе му ја додели наградата Гран при за животно дело

Од:

На предлог на претседателот на Универзитетот Сорбона 2, Пантеон Асас, најстарата француска институција – Француската акедемија, на македонскиот писател Јордан Плевнеш денеска свечено ќе му ја додели Гран-при наградата, што го носи името на Анри Делуен, за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и интернационалниот франкофонски простор, јави дописникот на МИА.

Непосредно пред доделувањето на наградата, претседателот на Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2, професорот Стефан Бракониер го прими во работна посета Јордан Плевнеш, претседател на Интернационален Универзитет Европа Прима од Скопје. На средбата Бракониер -Плевнеш беа договорени повеќе заеднички научно-истражувачки проекти, кои ќе ги водат професорите и студентите на двата универзитети во рамките на Еразмус плус програмата, а кои ќе се однесуваат на историјата на репортерското и креативно новинарство во францускиот и македонскиот документарен филм, како и во искусувањето на дигитализацијата на музејското име во двете земји.

Во очи на церемонијата на доделување на наградата Гран при за животно дело на Јордан Плевнеш од страна на Француската академија, за која иницијативата ја поднесе токму Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2, каде што Плевнеш веќе пет години одржува серија на предавања за светската драматургија и театар во рамките на постдипломските и докторски студии, претседателот Бракониер ја истакна големата сатисфакција на оваа институција од тој академски чин, кој ќе ја продолжи со нови творечки достигнувања долгогодишната високо-образовна соработка меѓу француските и македонските универзитети.

Како што е познато, Плевнеш живее и твори во Париз повеќе од три децении, автор е на десетина драмски дела пишувани на француски јазик и играни во Европа и во светот.

Неговата драма „Среќата е нова идеја во Европа“ за која пишувале водечките светски медиуми Њујорк тајмс и Гардијан, во рамките на Балканската трилогија, заедно со делата на Данило Киш и Мирко Ковач, е играна во 120 театри во Франција.

Плевнеш е автор и на два романи на француски јазик, од кои првиот Осмото светско чудо е објавен од Table ronde – Gallimard, а вториот роман, Романот за Тајната книга, кој заедно со македонско-францускиот игран филм е претставен на голем број водечки фестивали во светот.

Плевнеш исто така перманентно објавува авторски текстови во Ле Монд, Ле Фигаро, Ла Кроа, Либерасион, и во врвни научни списанија. Неговите текстови и драми се објавувани и поставувани во поголем број членки на Интернационалната организација на франкофонија.

Во француската ревија Документасион Франсез, Плевнеш е автор на обеменото научно истражување за покренувањето на дваесеттина ревии на француски јазик во европските метрополи, од страна на македонската интелигенција, која сонуваше за македонска самостојна држава во заедничкиот европски дом.

Во контекст на доделувањето на наградата на Јордан Плевнеш, Универзитетот Пантеон Асас Сорбона 2, објави специјална брошура посветена на македонскиот драматург и писател, на чии осумдесет страници се прави осврт на неговото творештво дело.

Француската академија ќе му ја додели наградата на Плевнеш, под „Куполата на бесмртните“ – како што се нарекува Француската академија.

До Вечниот секретар на Француската академија, Елен Карер д’Анкос со писмо се обрати и претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски, во кое тој го изразува задоволството за доделувањето на Гран-при наградата, што го носи името на Анри Делуен, на Француската академија, Јордан Плевнеш – еминентен македонски драматург и писател, промотор на франкофонијата и реномиран европски интелектуалец.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска