Израел планира да ослободи дел од палестинските затвореници со цел да бидат обновени мировните преговори, изјави израелскиот министер за финансии Јувал Штајниц.
Тој истакна дека Израел и претходно се согласил со ова барање на Палестинците.
– Извесен број затвореници ќе бидат ослободени. Не сакам да посочам бројка, но станува збор за долгогодишни затвореници, изјави тој за Радио Израел.