Во забавен парк во Тексас, загина жена која испаднала од „возот на смртта“. Се се случило во присуство на нејзиниот син кој бил покрај неа.
– Бевме на врвот и нагло се спуштавме, кога сигурносниот појас се откачи, а жената испадна – опишува Кармен Броун, сведок на несреќата.
Сопствениците на паркот „Сикс флагс“ изразија сочуство на семејството и веднаш го затворија паркот.