Се уште е во сила забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка, што беше воведена завчера во 22 часот, а за останатите видови возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Како што информира Автомотосојузот на Македонија, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози .
Од АМСМ предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Потсетуваат и на законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.