Навални пристигна во Москва и порача дека ќе победи на изборите за градоначалник

Од:

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални пристигна со воз од Киров во Москва откако вчера беше пуштен од притвор на барање на Обвинителството.

Тој пред бројните подржувачи кои го пречекаа во Москва рече дека не се откажува од кандидатурата за избори за градоначалник на 8 ми септември и порача дека заедно ќе победат.

Неговите приврзаници го пречекаа на железничката станица извикувајќи – Навални за градоначалник на Москва.

Овој руски опозициски лидер е осуден на пет години затвор поради финансиски малверзации.

Навални пред приврзаниците изјави дека им претстојат седум недели интензивна работа.

Пред пристигнувањето на возот на Навални во Москва полицијата објави дека добиле анонимен телефонски повик дека е постaвена бомба на железничката станица, но подоцна беше кажано дека алармот бил лажен.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски