Барањето на Детроит за банкрот падна на локален суд

Од:

Во случајот банкрот на Детроит, најголемиот американски град во финансиски тешкотии, дојде до пресврт. Барањето за банкрот падна на локалниот суд со образложение дека е неуставно.


Судиката Розмари Еквилина во мичигенскиот суд му нареди на градот Детроит да го повлече барањето за банкрот поради долгот од 18 милијарди долари. Таа заклучи дека спроведувањето на барањето би можело да доведе до кршење на законот и Уставот, бидејќи би се загрозила исплатата на пензиите и некои бенифиции. Државниот адвокат веднаш се жалеше на нејзината одлука.


Кевин Ор, кризниот менаџер на Детроит, во четвртокот официјално објави банкрот откако гувернерот Рик Снајдер претходно ја одобри таквата одлука, објаснувајќи дека е неопходна за во „овој прекрасен град да се врати граѓанското и финансиско здравје“.


Банкрото на Ор би му овозможил да го ликвидира градскиот имот и да се обиде да ги врати долговите. Меѓутоа, на начинот на отплатување на долгот, така што градот за секој долар што го должи ќе им исплати само 10 центи, се спротиставија двата пензиски фонда, па сега градот се соочува со можен голем број тужби од корисниците на тие фондови.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД