Четворица мажи, кои беа пронајдени во заробеништво каде биле држени во нечовечки услови, ослободени се од една гаража во Хјустон, соопшти денеска полицијата.
Тие на полицајците им раскажале дека биле намамени со цигари и алкохол, а нивниот киднапер ги заробил за да може да ги реализира нивните чекови за социјална помош.
– Четворицата постари мажи веднаш се хоспитализирани, соопшти портпаролката на полицијата во Хјустон Џоди Силва.
Истражителите се обидуваат да утврдат колку долго биле заробени, но во прашање е подолг временски период.