Наместо официјални изборни резултати, повторно пребројување на гласовите во Лежа и Скадар

Од:

Албанската Централна изборна комисија донесе одлука за повторно отворање на сите гласачки кутии и пребројување на гласовите во околиите Лежа и Скадар, што значи во две, од вкупно 12 изборни единици.

Одлуката е донесена со четири гласови „за“, колку што има и членови Комисијата, откако уште пред изборите, оставка поднесоа членовите од опозицијата.

На одлуката се спротивстави правниот застапник на левицата.

Членот на ЦИК Клемент Згури побарал да се отворат сите гласачки кутии за изборната единица Лежа, бидејќи според него, била потребна транспарентност за целата изборна единица.

– Состојбата по отворањето на гласачките кутии во Лежа беше драматична, постоеше дисбаланс меѓу записниците и бројот на гласачите и тоа потврдува дека системот на пребројување на гласовите не функционирал, изјави Згури.

Правниот застапник на левицата, Генци Ѓомцај оваа одлука на Комисијата ја оцени како срамна и порача дека оние кои ја донеле ќе сносат кривична одговорност.

Тој ја обвини ЦИК дека се однесува политички и се обидува да ја повтори ситуацијата од локалните избори во 2011 година.

Пред една недела, ЦИК по барање на претставникот на Демократската партија утврди неправилности на десет гласачки места во изборната единица во Лежа, и го намали бројот на добиени мандати од оваа изборна единица од четири на три за левата коалиција, додека десната доби еден повеќе и има четири мандати.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски