Хрватска се соочува со вондредна ситуација и не е исклучено в година состојбата да се влоши, изјави хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ, не исклучувајќи ја можноста Загреб да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд.
– Не знам дали на друг начин може да се оцени актуелната ситуација, освен како вондредна, кога е постојан падот на економијата, недостига ликвидност, голем е бројот на невработени лица, изјави Линиќ.
Тој наведе дека ако ситуацијата во Хрватска не се подобри следната година за Хрватска ќе биде многу тешка.
– Во рок од шест месеци ќе знам дали имаме потреба од помош од ММФ, наведе Линиќ.