НБ: Продолжува трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити

Од:

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври. Таа се сведе на ниво од 4,45 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,77 проценти, соопштуваат од Народната банка.

– Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2021 година. Имено, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,45 отсто и бележи месечен и годишен пад од 0,01 процентни поени и 0,23 процентни поени, соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимално месечно намалување од 0,01 процентни поени и изнесува 0,77 отсто, додека на годишна основа оваа каматна стапка оствари пад од 0,21 процентни поени, наведуваат од Народна банка.

Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,94 отсто, што, како што се посочува, претставува месечно и годишно намалување од 0,09 процентни поени и 0,27 процентни поени, соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен пад од 0,06 процентни поени и изнесува 0,79 отсто, додека на годишно ниво е остварен раст од 0,02 процентни поени.

Кај корпоративниот сектор се наведува дека просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври, изнесува 3,55 отсто и на месечно ниво е пониска за 0,03 процентни поени. Промената се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,04 процентни поени), како и на каматните стапки на кредитите без валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,02 процентни поени, соодветно). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,22 процентни поени.

Во октомври, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи месено намалување од 0,24 процентни поени и изнесува 3,39 отсто. Притоа, падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,61 и 0,26 процентни поени, соодветно), при раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,11 процентни поени). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор забележа пад од 0,65 процентни поени.

Во однос на претходниот месец, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа месечен пад од 0,03 процентни поени и изнесува 1,05 отсто. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на депозитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,10 и 0,05 процентни поени, соодветно), во услови кога каматните стапки на депозитите во странска валута бележат раст (од 0,11 процентни поени). Споредено со истиот период претходната година, оваа каматна стапка се намали за 0,18 процентни поени.

Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор на месечна основа се намали за 0,09 процентни поени и се сведе на 0,53 отсто. Гледано според валутната структура, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,06 процентни поени), додека каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула бележат раст (за 0,56 и 0,01 процентни поени, соодветно). Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,14 процентни поени, споредено на годишно ниво.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во октомври, забележа минимален месечен пад од 0,01 процентни поени и изнесува 5,23 отсто. Месечното намалување во целост е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 процентни поени), при раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 процентни поени), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,28 процентни поени.

Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,54 отсто, што претставува месечно намалување од 0,07 процентни поени. Притоа, падот произлегува од намалувањето кај сите нејзини компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,08, 0,04 и 0,02 процентни поени соодветно). Во споредба со октомври минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата забележа зголемување од 0,05 процентни поени.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври, е речиси непроменета и изнесува 0,73 отсто. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,22 процентни поени.

Во октомври, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата забележа минимално намалување од 0,01 процентни поени на месечно ниво и изнесува 0,93 отсто. Притоа, промената во целост се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 процентни поени), при раст на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,29 процентни поени), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишно ниво, каматната стапка оствари раст од 0,06 п.п. (https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2021/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2021_oktomvri_mk.pdf)

Во третото тримесечје на 2021 година, состојбата на вкупните средства на ОФИ изнесува 157.803 милиони денари, што претставува зголемување од 5.215 милиони денари, на квартална основа. Од аспект на структурата на средствата, доминантно учество од 65,1 отсто имаат пензиските фондови, а по нив следуваат осигурителните друштва, со учество од 18,4 проценти.

Најголем дел од средствата на ОФИ се однесуваат на вложувања во должнички хартии од вредност со учество од 49,9 отсто. Потоа следуваат сопственички хартии од вредност со учество од 24,5 отсто и валути и депозити со учество од 11,7 проценти. Најголем дел од обврските на ОФИ им припаѓаат на техничките резерви на осигурување и на капиталните сметки со учество од 55,9 и 35,5 отсто , соодветно.

Би можело да ве интересира

Средба со Мисијата на ММФ: Народната банка со преземените мерки успешно ја одржува стабилноста

Ана Ололовска

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): прв квартал на 2023 година

Ана Ололовска

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Самит во Црна Гора: Истрајноста на политиките е од суштинско значење за стабилизирање на инфлацијата

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Ана Ололовска

Ангеловска-Бежоска: Инфлацијата ќе се намалува, на среден рок ќе се сведе близу до историскиот просек

Горан Наумовски