Приведена штипјанка, при претрес пронајдена дрога и украдени предмети

Од:

49-годишна штипјанка била уапсена откако полицијата во нејзиниот дом пронашла дрога и украдени предмети, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 29.11.2021 од страна на полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип била лишена од слобода Д.Ц.(49) од Штип. При претрес извршен со судска наредба во нејзиниот дом биле пронајдени и одземени 13 пакувања прашкаста материја и предмети кои потекнуваат од кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“, соопшти МВР.

Д.Ц. е приведена во полициска станица и по комплетно документирање на случаите, против неа ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он