Илезе од печат книгата „Медитација за мојата уметност“ од авторот Беким Рамадани.
Како што соопшти авторот, ова дело претставува хармонична анатомија на музички погледи, славни годишнини, длабоки доживувања, незаборавни спомени, значајни интервјуа, евокативни „слики“, критички размислувања и други прашања кои произлегуваат од разумната логика и семантичко-стилистичкиот израз.
Напишана не само од музиколошка, историска, педагошка и естетска, туку и од публицистичка гледна точка, книгата „Медитација за мојата уметност“ е дело што не може да се вклучи во некој специфичен конкретен жанр, бидејќи опфаќа различни видови уметнички пристапи кои во описна, аналитичка и синтетичка форма ја градат архитектурата на прозаичниот текст добро поткрепена со силните подлоги на исклучителниот вкус, острото уво и длабокото расудување.
Професорката Холта Сина од Универзитетот за уметности во Тирана, која, покрај Едмонд Бухараја, е рецензент на оваа книга, посочува дека преку ова дело го откриваме портретот на авторот, фигурата на Беким Рамадани, која се состои од квалитетни карактеристики како: сериозност, искреност, посветеност, храброст… медитација.“
Авторот на оваа книга, етно-музикологот Беким Рамадани досега има издадено повеќе дела, меѓу кои и книгата на македонски јазик „Традиционалната музичка култура на Албанците од Долни Полог“.
Книгата „Медитација за мојата уметност“ е преведена на македонски јазик од Мирјана Илиева Јашари, е објавена во рамките на проектите поддржани од Министерството за култура на Република Северна Македонија за 2021 година.