Австралија ги затвора границите за илегалните имигранти

Од:

Австралискиот премиер Кевин Рид денеска најави дека неговата земја ги затвора своите граници за илегалните имигранти, појаснувајќи дека дури и да успеат да стигнат до Австралија со чамци, тие ќе бидат депортирани во Папуа-Нова Гвинеја.

Рид и неговиот папуански колега Питер О’Нил денеска во Бризбејн потпишаа документ што овозможува екстрадиција на илегалните имигранти. Одлуката ќе се применува од денеска и ќе важи една година.

Со договорот не се ограничува бројот на бегалци кои Папуа-Нова Гвинеја е подготвена да ги прими.

– Од сега натаму секој азилант кој ќе пристигне во Австралија со чамец, нема да има шанса да се насели како бегалец, подвлече Рид.

Во Австралија најмногу азиланти има од Иран. Минатата година приближно еден од секој седми бегалец доаѓал од оваа земја. Следни на спискот се имигрантите од Авганистан, Бангладеш, Виетнам, Ирак, Мјанмар, Пакистан и Шри Ланка.

Растечкиот број бегалци е политички проблем за Лабуристичката партија на Рид. Канбера вети дека ќе помогне во нивното префрлање во Папуа-Нова Гвинеја, седуммилионска земја со племенско општество, во која се зборуваат над 800 јазици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ