Разбојници застрелаа човек во Кичевско

Од:

Синоќа пред полноќ во кичевско Папрадишта две маскирани лица со пиштоли влегле во куќата на 74-годишен жител на селото.

Едниот од нив испукал три куршуми кон неговиот 44-годишен син, нанесувајќи му прострени рани во пределот на телото, по што разбојниците од куќата украле златен накит и побегнале, информира полицијата.

Повредениот бил однесен во Медицинскиот центар во Кичево, а поради сериозноста на повредите, пренесен е во Ургентен центар во Скопје.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и презема мерки за расчистување на случајот.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот