Бесими: Дополнителна поддршка за земјоделците преку нов фонд и повеќе средства за зелен развој

Од:

Нов Интервентен фонд за поддршка на земјоделците ќе се формира во 2022 година. Средствата во висина од 250 милиони денари се обезбедија преку амандманска интервенција на Предлог-буџетот за 2022 година за кој расправата е во тек во собраниската матична Комисија.

– Преку дискусија со издржани аргументи може да дојдеме до решение. Сите сме свесни дека земјоделството е важен сектор во нашето стопанство и дека има потреба да се интервенира кога на пазарот има пореметување, особено кога цените се на ниво кога земјоделците не можат да ги покријат трошоците, рече министерот за финансии Фатмир Бесими во рамки на амандманската расправа, која почна во собраниската матична Комисија.

Тој потенцира дека со формирањето на Интервентниот фонд во Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој во 2022 година ќе се поддржи стандардот на земјоделците.

Ова ќе биде дополнителен инструмент на веќе постоечките субвенции во земјоделството кои инаку во 2020 година и 2021 година беа на највисоко ниво досега. Притоа во 2020 година во услови на пандемија беа исплатен 8,8 миллијарди денари, додека во 2021 година со ребалансот се доделени 8,5 милијарди денари.

Во рамки на расправата министерот истакна дека тренд на зголемување има и кај средствата за зелен развој.

– Во 2021 година првпат во Буџетот воведовме програма за зелен развој која беше планирана на ниво од 685 милиони денари, а во 2022 година средствата се проектирани на 3,6 милијарди денари. Генерално има тренд на зголемување на средства за зелен развој и заштита на животната средина. Така во 2018 година средствата беа на ниво од 980 милиони денари, во 2019 – 1,1 милијарда денари, 2020 – 1,5 милијарди денари, 2021 – 2 милијарди денари и за наредната година во 2022 година се проектирани на 3,6 милијарди денари.

Дополнително само за заерозагадување преку нова програа се предвидени 1,7 милијарда денари.

Министерот упати на тоа дека се обезбедени и средства преку Светската банка за енергетска ефикасност на јавни објекти. Со предвидените 25 милиони евра ќе се подобрува енергетската ефикасност на јавни објекти, меѓу кои и здравствени установи, а проектот опфаќа и замена на начинот на греење на објектите, со цел тие да станат еколошки. Проектот ќе почне да се реализира од 2022 година, а во тек е поднесување апликации за проекти од општините.

Расправата по поднесените амандмани, која почна вчера, согласно Деловникот трае пет дена. На Предлог-буџетот се поднесени вкупно 223 амандмани.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска