Лукашенко: САД сакаат да предизвикаат војна

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека САД, користејќи ги Полска, балтичките земји, Украина, како и мигрантската криза на границата со Белорусија, сакаат да предизвикаат војна.

– Тие се обидуваат да ги искористат тие кутри бегалци, тој процес. Веќе отворено велат: Да се вклучи НАТО. А што значи НАТО? Започнување војна. Тие нè провоцираат. На Европа не и треба тоа, Европа не го сака тоа, Европа не сака војна. Кому му е потребна таа војна? На Американците, рече Лукашенко на седницата на уставната комисија и работната група за финализирање на нацрт-уставот, пренесува белоруската агенција Белта

Александар Лукашенко истакна дека претходно постојано предупредувал за можност за некаква провокација од Западот и затоа ја држел ситуацијата под контрола. Сега се обидуваат да ја искористат ситуацијата со бегалците во своја полза, вели тој.

Денес гледате дека монополарниот свет исчезнува. Тие сакаат да војуваат преку посредник и сакаат да не испратат во хаос. И ќе гледаат од страна како се развива ситуацијата и ќе снабдуваат оружје за да се убиваме и да ни ја уништат економијата. Пак ќе дојдат овде со доларите што сами ги печатат. Ќе кажат дека сакаат да ни помогнат и ќе почнат да шефуваат, по политиката на Трамп „Америка на прво место”. Тоа е нивната крајна цел. Тие сакаат да го направат тоа користејќи ги Полјаците, балтичките држави и Украинците, смета Лукашенко.

– Тие сакаат да се приближат до Москва. И овој „балкон” овде ги опструира, треба да го отсечат. И ќе го пресечат, рече шефот на државата.

Шефот на белоруската држава нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин и тој гледаат што се случува и на ист начин ги оценуваат овие настани. „Таа (Русија) е нивната крајна цел. И како да и се доближат ако Украина и Белорусија (се на па)? Гледате што се случи со Украина, но Белорусија се држи, вели Лукашенко.

– Ситуацијата не е лесна сега. И прашање е како ќе поминеме и ќе се приспособиме за да ја зачуваме државата. Ова е моето прво прашање. Но и вие не сте случајни минувачи. Кога ќе дојде време, веднаш ќе ве вклучам и заедно ќе мораме да се справиме со тоа, рече Лукашенко.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Украинците испратија 120.000 војници на границата со Белорусија

Катерина Ѓуровски

Лукашенко помилува 30 политички затвореници осудени по протестите

Лукашенко издаде наредба: Ја испраќа војската на границата со Украина

Лукашенко помилува Германец осуден на смрт во Белорусија

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Лукашенко пристигна во Москва, ќе се сретне со Путин