Само половината од Британците се согласуваат со одликување на тенисерот Мареј

Од:

Нешто повеќе од половина од Британците се согласуваат, тенисерот Енди Мареј да биде одликуван за својот успех на годинешниов турнир во Вимблдон.

Шкотланѓанецот Мареј е првиот Британец кој го освои вимблдонскиот трофеј, после 77 години очекување на домашната спортска јавност.

Последен тенисер на Велика Британија, кој пред Мареј победил во Вимблдон е прославениот Фред Пери, во далечната 1936 година.

Во еуфоријата што настана во целата земја по триумфот на Мареј, британскиот премиер Дејвид Камерон, веднаш по финалниот меч изјави дека Шкотланѓанецот би требало да биде одликуван и да ја добие витешката титула – сер.

– Во овој момент не гледам кој друг би можел да биде одликуван, рече воодушевениот премиер.

Истражувањето што го направи агенцијата Комрес покажува дека таквото воодушевување не го делат и сите Британци, па во анкетата 55 отсто се согласуваат со премиерот Камерон, но 45 отсто се против давањето таква почест на тенисерот од Шкотска.

Самиот Енди Мареј кој ја имаше честа да биде примен во Даунинг стрит 10, изјави дека не смета оти сега треба да му се даде витешката титула, што инаку ја имаат повеќемина истакнати спортисти.

– Ова ми е само првата гранд слем титула во Вимблдон, па ќе има уште време за докажување и потврдување, рече Мареј.

Агенцијата Комрес истражувањето за тоа дали Мареј треба да стане витез, го става во анкетата за расположението на Британците, заклучувајќи дека само 28 отсто од луѓето се пооптимистички за правецот по кој се движат. За повеќе оптимизам не помогна ниту доброто време, а ниту триумфот на Енди Мареј, констатира Комрес.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ