Второ издание на Културно-забавната манифестација „На зајдисонце“ во селото Трпејца

Од:

Селото Трпејца и оваа година својата туристичка понуда ја збогатува со манифестацијата „На зајдисонце“ што од утре до 28 овој месец по вторпат ќе се одржува во тоа познато туристичко место на брегот на Охридското Езеро.

Програмата на манифестацијата „На зајдисонце 2013“ предвидува повеќе културно-забавни и спортски содржини што ќе се одржуваат на атрактивни локации во селото, од кајакарска регата, уметнички изложби, презентација на етнолошки предмети од селото, презентација на риболовен алат, бројни спортски содржини како натпревар во фаќање риба со јадица, школи за пливање и шах, скратен курс по англиски јазик, сето збогатено со музички настапи, вечерни променади со кајче на млади уметници од Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид и фоклорни и хорски содржини.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат промовирани и нуркачкиот локалитет „Заливот на прчот“ и рекреативната патека „Чоколско“ што од селото води низ Националниот парк „Галичица“.

Интенција на организаторите е манифестацијата да стане традиционална, во иднина таа да добива на содржина и квалитет, се со цел да се заживее туристичкото место, а истовремено преку збогатена програма да се анимираат гостите кои решиле својот одмор да го минат токму во Трпејца.

Манифестацијата „На зајдисонце“ се одржува под покровителство на општина Охрид, како дел од заложбите за развој на селскиот и културниот туризам, а во организација на здружението „За Трпејца со љубов“ со поддршка од Месната заедница во село Трпејца и бројни спонзори и помагатели.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање