Крај на трпението на кошаркарите на Работнички

Од:

Заврши трпението на кошаркарите на Работнички кои пред седум дена истакнаа последно барање со рок до Управниот одбор за исплата на финансиските долгови кон играчите, тренерите и администрацијата на клубот.

Преку официјално соопштение до http://www.ekipa.mk тимот на КК Работнички ја информира јавноста дека своите права дефинитивно ќе ги бараат преку судските институции во земјава. Па во текот на следната недела ќе биде поднесена тужба до Основниот суд – Скопје.

Во целост ви го пренесуваме соопштението од кошаркарите на Работнички:

И покрај константните ветувања од страна на управата дека долговите кон играчите,тренерите и администрацијата ќе бидат во целост исплатени, од тоа до сега нема ништо. Во текот на целата сезона имаше доцнење на исплати но ние максимално професионално ги извршувавме нашите работни задачи и затоа бараме нашите договорни обврски да бидат во целост испочитувани.

Членовите на управниот одбор кои беа задолжени за обезбедување на финансиските средства за клубот, на неколку состаноци ветија дека ќе бидеме исплатени, што не се исполни и затоа нивните уверувања веќе не се валидни за нас. Ја информираме управата, акционерите и целата јавност дека во текот на наредната недела ќе биде поднесена тужба во Основен суд Скопје по основ на неисплатени договорни обврски. Жалиме што сме приморани на ваков чекор и се надеваме дека нашиот случај ќе послужи за пример и ќе ја прекине праксата во македонскиот спорт да не се исполнуваат договорните обврски, а воедно ќе му помогнеме на Работнички да стане сериозен клуб како што му доликува на неговата богата традиција.

Искрено,

тимот на КК Работнички

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос