ФОТО: Градоначалникот Заев им посака добредојде на кошаркарите на Европското првенство

Од:

Во Струмица почна Европското првенство во кошарка М-18 (Б дивизија) на кое учествуваат 22 селекции. На стартот на првенството во спортската сала „Парк“, кошаркарите и спортските работници ги поздрави градоначалникот Зоран Заев и им посака добредојде во градот кој по трет пат е домаќин на Европско првенство во кошарка.

kosarkaStrumica (1)

– Од денес па во наредните единаесет денови Струмица и спортот повторно ќе другаруваат и меѓусебно ќе се надополнуваат, на задоволство на сите вљубеници во кошарката. Овој наш град повторно ги отвори своите порти на добредојде за младите кошаркари од Европа, докажувајќи ја уште еднаш тезата: “Еднаш добар домаќин, секогаш добар домаќин.” Да се биде град – домаќин на три европски првенства по ред во само три години едно по друго, не е мала работа и не може да биде случајност.

kosarkaStrumica (3)

– Тоа за Струмица претставува задоволство, голема чест и вистински предизвик да се оправда укажаната доверба. Се надевам дека Европското првенство за млади кошаркари до 18 год. – Б дивизија, ќе биде уште една потврда за добриот рејтинг на нашиот град во поглед на условите за натпреварување, но и дека членовите на репрезентациите од 22-те земји-учеснички на ова првенство ќе се чувствуваат во Струмица како дома и дека ќе понесат од овде убави и незаборавни спомени. Нека победи младоста и пријателството меѓу младите, нека победи фер плејот, нека победи спортот. Ако биде така, на крајот сите ќе бидеме победници, рече градоначалникот Заев.

На првиот натпревар во групата А, македонската репрезентација ја победи Унгарија со резултат од 76:64.

 

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ