Во Тексас е извршена смртна казна на 41-годишен маж поради двојно убиство. Тоа е десетта егзекуција по ред во американската сојузна држава.
Вон Рос синоќа ја прими смртоносната инјекција поради убиство на 18-годишна девојка и маж, кој бил заедно со девојката.
Според пресудата, Рос во јануари 2001 година ја убил сестрата на неговата девојка и деканот на факултет.