Четвртфинални мечеви на АТП турнирот во Хамбург

Од:

На тенискиот турнир кој се игра на земјена подлога во Хамбург, Германија, за денеска се закажани мечевите од четвртфиналната фаза.

Првиот носител Рожер Федерер (Швајцарија) за влез помеѓу четворицата најдобри ќе се бори со Флоријан Мајер (Германија).

Вториот носител Томи Хас (Германија) ќе игра против Фабио Фоњини (Италија).

Другите две четвртфинални двојки се: Николас Алмагро (Шпанија) – Хуан Монако (Аргентина) и Фернандо Вердаско (Шпанија) – Федерик Делбонис (Аргентина).

АТП турнирот во Хамбург спаѓа во категоријата 500 и се игра за награден фонд од еден милион и сто илјади евра.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ