Кошаркарките против Шкотска за финалето на ЕП за мали земји

Од:

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 18 часот и 45 минути против Шкотска ќе го одигра полуфиналниот натпревар од Европскиот шампионат за мали земји кој се одржува во Охрид.

Избраничките на селкторот Лидија Милкова, до место меѓу четирите најдобри се изборија со трите победи во групната фаза против Гибралтар, Австрија и Велс. За разлика од Македонија која го освои првото место во групата „Б“, Шкотска како второпласирана заврши во „А“ групата со учинок од две победи против Азербејџан и Молдавија и пораз од актуелниот првак во оваа конкуренција Малта.

Токму Малта ќе игра против Австрија во вториот полуфинален натпревар кој ќе започне во 21 часот.

Фналето е закажано за утре со почеток од 21 часот.

Во натпреварите за пласман од 5 до 8 место ќе играат, Азербејџан – Гибралтар (14.15 часот) и Велс – Молдавија (16.30).

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ