Обама ја разгледува можноста да ја откаже планираната средба со Путин на есен

Од:

Белата куќа ја разгледува можноста да ја откаже планираната средба меѓу претседателот на САД Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин во Москва, чекор кој може дополнително да ги заостри односите меѓу двајцата лидери.

Белата куќа ја разгледува таа варијанта во момент кога Москва ја разгледува жалбата за времен азил на Едвард Сноуден – американски граѓанин обвинет за откривање информација за доверливи програми на американското разузнавање.

Според официјални претставници, причина за откажување на средбата можат да бидат и други области на разлики со Русија, како што е поддршката на Москва за сирискиот претседател Башар ал Асад.

Обама се уште планира да присуствува на меѓународна средба во Санкт Петербург во септември.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија