Русија му испрати на Либан сателитски снимки од пристаништето Бејрут пред и по експлозијата

Од:

Русија му испрати на Либан сателитски снимки од пристаништето Бејрут пред и по големата експлозија што се случи минатата година, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по разговорите со неговиот либански колега денеска во Москва.

Руската вселенска агенција Роскосмос минатата недела соопшти дека се согласила да ги обезбеди снимките откако тоа го побарал либанскиот претседател Мишел Аун.

– На барање на либанската Влада, денеска ги предадовме материјалите подготвени од Роскосмос … сателитски снимки и се надеваме дека тие ќе помогнат да се испита причината за овој инцидент. Ова прашање сега привлекува доста сериозно внимание во Либан и се надеваме може да се реши, изјави Лавров.

Во експлозијата, една од најголемите ненуклеарни експлозии во светот, загинаа повеќе од 215 луѓе, илјадници беа повредени и уништи голем дел од Бејрут. Тоа се случи на 4 август 2020 година. Истрагата сè уште е во тек.

Лавров рече дека разговарал и со либанскиот колега Абдала Бу Хабиб за можно учество на руски компании во обновата на инфраструктурата уништена во експлозијата.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски