СДСМ: 19.000 тутунари добиваат поддршка од 300 милиони денари, грижата за земјоделците продолжува

Од:

„Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за земјоделците. Започна исплатата на финансиската поддршка кон тутунарите како дел од пакетот поддршка за намалување на последиците од пандемијата. Над 19.000 тутунари добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари“, соопштува СДСМ.

„Станува збор за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора клас и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа.

Претходно за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата, за тутунарите, во услови на здравствена и економска криза, успешно реализираше две милијарди денари финансиски средства.

Помина времето кога тутунарите беа оставени сами на себе, кога трпеа притисоци и кога мораа својот тутун да го даваат за екстремно ниски цени.

Тоа се смени со СДСМ, затоа што сме домаќинска и отворена партија, затоа што водиме грижа за сите.

СДСМ останува посветена на грижа за земјоделците, тутунарите и за сите граѓани во државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он