Строгите рестриктивни мерки за заштита од ширењето на Ковид-19 кои вчера ги најави австриската влада предизвикаа протест во Виена на кој присуствуваа илјадници граѓани.
Австриските медиуми јавуваат дека на протестот кој го обезбедуваа 1.300 полицијаци присустувале околу 35 илјади луѓе. Дел од демонстрантите фрлале шишиња кон полицијата, приведени се неколку лица.
Демонстрантите скандирале „слобода“ и голем дел од нив не носеле маски со што ги кршеле правилата за организирање на големи собири.
Вчера, австриската влада соопшти дека од понеделник стапува на сила национален карантин за целото население, а од 1 февруари 2022 вакцинацијата ќе стане задолжителна за сите.