Концерт на Биља Крстиќ на фестивалот „Музика од светот“ во Битола

Од:

Фестивалот „Музика од светот“ вечер продолжува со концерт на српската уметница Биља Крстиќ.

Во пресрет на вечерашниот настап Крстиќ најави богат музички репертоар, а на првото гостување во Битола од својата богата музичка кариера ќе исполни и македонски народни песни.

-Никогаш во животот не сум имала трема пред концерт, но мора да признам дека пред првиот настап во Битола имам трема и многу сум возбудена. Мојот музички репертоар ќе биде во прва заедничка соработка со Битолскиот камерен оркестар. Инаку со мојот оркестар Бистрик сме биле низ цел свет, пеевме во Центар Кенеди во Вашингтон, пеевме во Индонезија, Џакарта, Бали, Јужна Америка…но никогаш во Битола и затоа со посебно задоволство учествувам на фестивалот „Музика од светот“, истакна Крстиќ.

Српската уметница со оркестарот Бистрик годинава слават јубилеј 20 години заеднички настапи, а во репертоарот неизбежни им се македонските народни песни.

-Македонските песни ми се многу блиски, ги сакам, ги пеам дома и затоа одлучив во Битола да ја испејам песната што многу ја сакаше мојот татко, песната која заедно ја пеевме уште кога бев мало дете, а тоа е „Битола мој роден крај“. Сите овие години мојот репертоар извира од овие јужни краишта, македонскиот мелос и песни секогаш ни се блисики и ги пееме со ист квалитет каков што е тука. Песните патуваат од еден во друг крај, фолклорот се збогатува, традицијата се одржува со прекрасни гласови. За мене сеуште незаборавни се гласовите на Кирил Манчевски, Анка Гиева, Александар Сариевски, Никола Бадев…големо богатство со убави песни кои секогаш сакаме да ги пееме, рече меѓу другото Крстиќ.

Домаќин и организатор на фестивалот „Музика од светот“ е НУ Центар за култура-Битола и се одржува според ковид-протокол.

Би можело да ве интересира

Во Битола завршува фестивалот „Музика од светот“

Со концерт на Владимир Четкар, во Битола завршува фестивалот „Музика од светот“

Ана Ололовска

Фестивалот „Музика од Светот“ завршува со „Фламенко Екос“ од Куба

Наум Локоски

Во Битола почнува меѓународниот фестивал „Музика од Светот“

Наум Локоски