Приведено лице од Скопско, при претрес во нелегална импровизирана работилница запленет над еден тон тутун

Од:

На подрачјето на Чаир полициски службеници од Одделот за криминалстичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје вчера во 18.50 часот го лишиле од слобода А.Ќ.(31) од скопското село Љуботен, осомничен за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Во заедничка акција со Царинска управа на Република Северна Македонија за недозволено производство и продажба на режан тутун на подрачјето на Скопје, информираа денеска од МВР, била извршена контрола на патничко возило „ауди А4 караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ќ. и претрес во неговата куќа во село Љуботен, извршен со судска наредба.

– Биле пронајдени 750 пакувања со режан тутун, со вкупна тежина од околу 224 килограми, како 865 килограми тутун во лист, машина за производство на режан тутун, поголема количина на амбалажа за пакување тутун со различни натписи од повеќе видови тутун, ваги за мерење, опрема и картонски кутии за пакување на тутун, стои во соопштението.

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он