Во Австрија уапсен уште еден член на турска терористичка организација

Од:

Австриската полиција уапси уште еден член на турската организација „Револуционерна народноослободителна партија/фронт (ДХХП-Ц), која важи за една од најопасните терористички организации во Турција.


Специјалната австриска полиција во вторникот во местото Габлиц го уапси 32-годишниот државјанин на Турција, кој наводно е еден од лидерите на ДХКП-Ц.


Австриската полиција го уапси Ецкан А., по кого германските власти имаа распишано потерница.


Пред четири недели во Австрија е уапсен Јусуф Т. чија задача била да собира финансиски средства за вооружената борба во Турција.


ДХКП-Ц е левичарско-екстремистичка организација формирана во 1994 година и се наоѓа на црната листа на ЕУ и на САД. Таа се бори против актуеланата власт и сака да воспостави комунистички систем со марксистичко-ленинистичко определување. ДХКП-Ц во Турција изврши повеќе бомбашки напади, а од 2001 година, според Државното обвинителств на Германија, во своите акции се повеќе користи бомбаши-самоубијци.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник