Србија: Приливот на странски директни инвестиции досега е 3,18 милијарди евра

Од:

Приливот на странски директни инвестиции во Србија достигна 3,18 милијарди евра годинава до првата декада од ноември. Тоа го тврди гувернерката на НБС Јоргованка Табаковиќ, наведувајќи дека Централната банка проценува дека вредноста на тие инвестиции ќе изнесува околу 3,4 милијарди евра до крајот на годината.

-Очекуваме дека учеството на тековниот дефицит во БДП годинава ќе биде околу четири проценти, а на среден рок од четири до пет проценти, со се уште целосно покривање на нето-приливите на странски директни инвестиции. Зголемена е проекцијата на приливите на тие инвестиции за оваа година на околу 3,4 милијарди евра, изјави Табаковиќ на презентацијата на ноемврискиот извештај за инфлацијата.

Таа вели дека приливот на директни странски инвестиции досега го надминал целиот прилив од минатата година и дека од почетокот на годинава веќе изнесува повеќе од три милијарди евра, а повеќе од 60 отсто од овие инвестиции се насочени кон секторите со кои може да се тргува.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски