Во Струмица од денеска до 28. јули ќе се одиграат натпреварите од Европското првенство – Б дивизија за кошаркари до 18 години на кое ќе настапат 22 репрезентации.
Македонија се наоѓа во групата А заедно со селекциите на Полска, Унгарија, Данска и Финска.
Во Б групата играат: Норвешка, Германија, Австрија, Холандија, Грузија и Естонија.
Групата Ц ја сочинуваат: Шкотска, Израел, Словачка, Романија, Шведска и Швајцарија.
Во Д групата ќе настапат: Португалија, Белорусија, Белгија, Луксембург и Црна Гора.
Македонија првиот натпревар попладнево во 18:45 часот го игра против Унгарија.
Двете првопласирани селекции од четирите групи ќе формираат две групи, од кои двете првопласирани ќе играат во полуфиналето. Трите најдобро рангирани репрезентации следната сезона ќе играат во А дивизијата.
Натпреварите ќе се играат во две сали во Струмица: „Парк“ и „Никола Карев“.