Белата куќа свесно не прецизира дали Обама ќе се сретне со Путин во септември

Од:

Белата куќа свесно не сака да прецизира дали претседателот на САД Барак Обама во септември во Москва ќе се сретне со неговиот рускиот колега Владимир Путин, доколку не биде решено прашањето со Едвард Сноуден.

Запрашан дали Обама се уште планира да се сретне со Путин во Москва, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни одговори: „Немам нови информации за нашето патување во Русија. Претседателот планира да замине во Русија во септември“.

Путин го покани Обама на билатерални разговори пред средбата на врвот на Г-20 во Санкт Петербург. Белата куќа објави на 17 јуни дека претседателот на САД ја прифаќа поканата.

Меѓутоа, шест дена подоцна поранешниот соработник на ЦИА Едвард Сноуден, кој ја обелодени американската програма за следење на комуникациите, пристигна во Москва со лет од Хонгконг. Сноуден, против кого САД покренаа обвиненија за шпионажа, останува во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“ и побара времен азил во Русија.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија