Облачно и ветровито, наутро магла по котлините

Од:

Облачно и ветровито време ќе преовладува денеска во земјава. Во утринските часови ќе има магла по одделни котлини, а преку ден во западните и југозападните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 13 до 18 степени.

Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови, во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку ден ќе преовладува сончево време со променлива облачност. Појава на слаб локален дожд се очекува во четврток.

Би можело да ве интересира

Попладне нестабилно со дожд

Предраг Петровиќ

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време

Катерина Ѓуровски

Сончево и топло со локална облачност

Многу топло и денеска и во следните денови

Многу топло цела седмица, повторно температури до 40 степени

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

А1он