По двегодишен прекин САД и Куба ги обновија преговорите за миграцијата

Од:

САД и Куба по двегодишен прекин синоќа ги обновија меѓусебните преговори за миграциски прашања. Синоќешната средба во Вашингтон е прва по онаа во Хавана во јануари 2011 година.

Американската делегација повторно побара ослободување на американскиот претприемач Ален Грос, кој во март 2011 година е осуден на Куба на 15 години затвор поради воспоставување интернет мрежи за локалните Евреи. Кубанските власти ја сметаат ваквата постапка за „деструктивна“.

Случајот „Грос“ стави крај на краткото затоплување на билатералните односи по стапувањето на должност на Барак Обама како претседател на САД во јануари 2009 година.

Синоќешната средба се одржува во момент кога САД и Куба ги разгледуваат можностите за обновување на меѓусебните директни поштенски врски. Американски дипломати потенцираат дека тоа не значи промена во политиката на Вашингтон кон Хавана.

Кубанската делегација од своја страна соопшти дека законското и безбедно емигрирање од Куба во САД нема да биде можно се додека американските власти не се откажат од својата политика да им дозволуваат на Кубанците кои пристигнале на американска територија, да останат во земјата, а да ги враќаат нивните сонародници кои ќе бидат фатени во морските води.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија