Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Од:

Селекторот на македонската женска кошаркарска репрезентација Алекандар Ашаданов очекува уште еден тежок натпревар за неговите избранички, кои вечерва од 19 часот во Скопје ја пречекуваат БиХ во рамки на второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство.

– Нè очекува уште еден тежок натпревар овој пат на домашен терен со Босна и Херцеговина, која покажа во првото коло против Белгија дека се работи за сериозна екипа. Главен адут е Џонс MVP играчот од регуларната сезона во WNBA која на првиот натпревар имаше брилијантни 44 поени и 24 скока, и индекс 51. Ќе биде исклучително тешко против еден таков играч и противник, изјави Ашаданов.

Сепак, според него, целта останува иста, да се изненади противникот и да се дојде до победа. – Проблемите со повредите ни се голем хендикеп. На вечерашниот натпревар повторно нема да можеме да сметаме на Кметовска, посочи Ашаданов.

Неизвесен е настапот на натурализираната Американка Девана Бонер, за што ќе се чека дозвола од лекарите до последен момент.

– Се надевам дека Девана Бонер ќе го започне натпреварот со БиХ. Таа го одработи синоќешниот тренинг. Беше и на утринскиот, кој повеќе е шутерски, и загревање за она што следува од 19.часот. Ќе видиме. Со и без неа, екипата дефинитивно не е иста. Во тимот е присутен замор, но ќе се обидеме да го заборавиме, да одиграме со сиот свој максимум против еден високо квалитетен ривал, дополнува селекторот пред вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот 2023.

Натпреварот започнува во 19 часот во СРЦ „Кале“, а влезот за навивачите е слободен.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска

KK Крива Паланка го порази ЖКК Работнички во Прволигашкиот меч од женската кошаркарска лига

Ана Ололовска