KK Крива Паланка го порази ЖКК Работнички во Прволигашкиот меч од женската кошаркарска лига

Од:

Во неизвесен и квалитетен натпревар што се одигра денеска во Крива Паланка, тимот на ЖКК Работнички од Скопје беше поразен со резултат 95-83 од првотимките на КК Крива Паланка.

Натпреварот се играше во рамки на второто коло сезонава од Првата женска кошаркарска лига на Република Северна Македонија.
Во домашниот табор најдобри играчи беа Марија Петровиќ, со постигнати 32 поени и младата Михаела Алексовска со 31 поен, заедно постигнувајќи две третини од поените на КК Крива Паланка.

Петровиќ бележи и одличен, стопроцентен учинок од линијата за слободни фрлања, од каде погоди девет од девет пенали, а одлична беше и во шут за три поени, со погодени три од четири тројки. И Алексовска исто така беше одлична во шутот од дистанца, погоди три од петте обиди од линијата 6.75.

На листата на стрелци заслужни за победата се Додевска Матеја која настапува на центарската позиција, со постигнати 15 поени, Божица Стоевска со осум, седум капитенот Тамара Ѓоргиевска и Михаела Станковска два.

Во гостинскиот тим извонредно издание имаше стружанката Ива Чолакоска, која постигна 42 поени, педесет отсто од кошевите на Работнички, со погодени осум од вкупно 15 обиди за три поени.

– Ова е значајна победа за нашиот прволигашки тим кој настапува со само две сениорки и голем број младинки – кадетки кои се градат како играчи и веќе се наметнуваат како одлични кошаркарки на македонската кошаркарска сцена. Презадоволен сум од желбата и борбеноста, мотивираноста и максималната посветеност на нашите кошаркарки, сите до една на теренот се бореа со срце и ја извојуваа победата која беше неизвесна до последнитр две минути од дуелот, изјави Ведран Белешковски, претседател на КК Крива Паланка и тренер на тимот.

Следното, трето коло, паланчанки гостуваат кај скопски ЖКК МЗТ.

Би можело да ве интересира

Бадел 1862 со победа го потврди историскиот успех во Јадранската лига

Ана Ололовска

Четврта прволигашка победа во Б лигата за кошаркарките на „Патриот 2016“

Ана Ололовска

БиХ и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

Ана Ололовска

Ашаданов: БиХ е силна репрезентација, но ќе се обидеме да изненадиме

Ана Ололовска

Гечевски: Меѓународното искуство да се искористи и во репрезентативните настапи

Ана Ололовска

Победа на јуниорките од Крива Паланка против ЖКК „Баскет кам”

Ана Ололовска