Ердоган: Морси останува претседател на Египет

Од:

Мохамед Морси останува претседател на Египет, изјави синоќа турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган.

Тој истакна дека ги смета за невозможни дури и телефонските контакти со новиот египетски потпретседател одговорен за меѓународните прашања, Мохамед ел Барадеј, нагласувајќи дека поранешниот генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) „не e избран, туку е именуван по државен удар“.

– На претседателските избори во Египет минатата година Барадеј освои само 1,5 отсто од гласовите, а Мохамед Морси 52 процента. Јас го сметам Морси за претседател на Египет, бидејќи го почитувам народот на оваа земја, нагласи Ердоган, кој неодамна го отфрли предлогот за средба со Барадеј.

Според него, протестите на исламисите во Египет против смената на Морси претставуваат „законска борба на Египќаните против превратот“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ