Дваесет и пет индиски деца починале од труење со храна, добиено во училиште, а десетици други биле хоспитализирани.
Инцидентот предизвика бурни протести и незадоволство меѓужителите на селото Машрах во источниот дел на Индија. Децата, на возраст од четири до 12 години, се разболеле откако за ручек во училиште јаделе ориз, соја и леќа. Храната ја добивале преку програмата за бесплатен училишен оброк, која опфаќа 120 милиони деца.
Лекарите претпоставуваат дека храната била заразена со пестициди, кои содржат фосфор.
Опозициските партии ги обвинија локалните власти дека реагирале бавно во врска со овој настан и не ги пренеле децата веднаш во болница.