Терористичката закана кон Велика Британија сега е „покомплицирана“

Од:

Терористичката закана кон Велика Британија и нејзините граѓани останува и понатаму присутна, но таа сега е „покомпликувана“ од порано, тврди во својот годишен извештај британскиот правен експерт Дејвид Андерсон кој го разгледува делувањето на домашните антитерористички закони.

Според Андерсон, главната закана сега доѓа од помали и помалку организирани заговори на поединци или мали групи милитантни ислмисти. За разлика од порано, сега нема големи заговори како оној од 11 септември 2001 година, или како заговорот со внесување течен експлозив во авионите на летовите преку Атлантикот во 2006 година, што ја предизвика се уште актуелната забрана за патниците да внесуваат течности во кабините при патувањето со авион.

Терористичките закани сега доаѓаат од „осаменици“ или од ниско технички организирани заговори, што за Андерсон е поголем и потежок проблем за разузнавачките и безбедносните агенции, затоа што потешко може да се откријат и навреме да се спречат.

Тоа не значи дека Велика Британија повеќе не е цел на терористички напад, како оној од 7 јули 2005 година, затоа што заканата останува, а безбедносните служби оценуваат дека и натаму постои „силна можност“ од изведување терористичка акција на британската територија.

Во сегашните услови, заканите доаѓаат од сосема мали групи на осамени „борци“ како осуетениот бомбашки напад во Бирмингем, планирањето напади врз касарната во градот Лутон и во Вутон Басет, каде во тамошната британска воена база стигнуваат војниците од Авганистан. Осамен заговор беше и убиството на британскиот војник Лу Ригби на улица во источен Лондон.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца