„Село гори, баба оперира масно ткиво“, „Машко или женско е бебето?“, лавина реакции по објавата на Мицкоски

Од:

Низа реакции и шеги се објавуваат на социјалните мрежи, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реши да отстранува масно ткиво на вратот, додека пратениците чекаа мнозинство во Собранието. За фотографиите објавени на социјалните мрежи има лавина од коментари. Најголем дел од нив се на „Твитер“, но и на „Фејсбук“.

„Село гори, баба оперира масно ткиво“, е првиот коментар, а по него, следува и: „Грујо да беше сам ќе го извадеше масното ткиво и тоа со чупалица“.

Шегите одат дотаму да, твитерџија коментира: „Не вадел масно ткивото! Чипот од вакцините му го ваделе, имам другарче во Градска сега ми кажа“.

За начинот на кој Мицкоски е фотографиран со докторите кои ја изведувале интервенцијата, Ана Глигорова од „Твоја партија“ праша: „Машко е или женско бебето?“.

Ивор Мицкоски, пак, искоментира: „Направете ми да личам на Кастриот Реџепи, имаме време до 12 на полноќ“, откако пратеникот на БЕСА не се појави во Собранието да гласа за недоверба на Владата. Во нов статус, Ивор Мицкоски додава: „Ко да го породиле“.

„Работата излезе надвор од контрола, отидов да ми отстранат масно ткиво. Мицкоски“, напишал твитерџијата потпишан како Неша Бриџис.

„Мицко на апарати… буквално“, е уште еден од коментарите, посочувајќи на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ немаше доволно пратеници за недоверба на Владата.

Ко да го породиле, реакции по операцијата на Мицкоски

„Мицко имал лесна хируршка интервенција. Му го извадиле мнозинството“, пиша друг, додека твитерџија потпишан како Сплинтер додаде: „На Мицко генгста името му било Масното Ткиво“.

Други, го коментираа јавното објавување на интервенцијата која ја направил Мицкоски: „Да вадиш масно ткиво и да го соопштиш тоа јавно ти е исто ко да соопштиш јавно дека имаш добиено менструација“.

„Требаше владата да ја рушиме денес,ама заборавив дека имам закажано за масно ткиво“, пишува твитерџија, а друг твит вели: „Во овој политички момент објавуваш фотки од хирургија и операциона сала, а си отишол у 8 навечер заради вадење на некакво масно ткиво… House of Cards и Византија можат вода да ви носат!“

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз

А1он

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

А1он

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети