Владиниот комитет задолжен за изградба на автопатот од Приштина до граничниот премин Блаце на косовско-македонската граница, донесе одлука за објавување на досиејата од тендерот за компаниите кои се квалификувале за изградба на овој автопат, јави онлајн-изнадението на приштинска „Коха диторе“.
Тие ќе имаат законски рок за да доставување понуди во Министертвото за инфраструктура, за потоа да поминат во втората фаза на оценување и прогласување победник на тендерот, кој ќе го гради автопатот. Рокот за доставување на понудите е 45 дена од денот кога на компаните кои ја минале првата фаза на конкуренција ќе им се достават документите.
Министерот за инфратсрукура на Косово Фехми Мујота потврдил дека изградбата почнува во декември годинава со сопствени средства на Косово и треба да заврши за 42 месеца.
– Министертвото ќе инсистира на висок квалитет на извршување на работите и на постојана транспарентност во текот на сите фази на реализиација на овој голем и значен прокет, изјавил Мујота.
Автопатот од Приштина до границата со Македонија ќе се гради по целосно нова траса, во должина од 55 километри, а ќе има три тунели и четири моста. Максимално дозволената брзина на автопатот ќе биде 120 километри, а најголемиот тунел ќе биде кај Качаник, со должина од 2,2 километра.
Според владини претставници, автопатот освен што ќе ги поврзува Косово и Македонија, ќе биде врска и со Бугарија и со Турција.